Свет Европа Четириесет украински војници загинаа во Донецк

Четириесет украински војници загинаа во Донецк

Најмалку 40 украински војници загинаа во последното деноноќие во борбите во Донецк, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република.

Како што јавуваат руските медиуми, пет бунтовници и пет цивили се убиени за време на судирите, а 26 се ранети.