Хроника Четири лица се повредени во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Четири лица се повредени во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионаниот пат Неготино – Кавадарци, кај местото Криво мовче, што се случила синоќа.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале три возила, од кои две патнички и едно товарно.

Повредени се двајца патници во „голфот“ и исто толку во „опелот корса“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино, по овластување на јавното обвинителство од Кавадарци.