Македонија Честојнова: Рекетот врз угостителите стана примарна функција на УЈП

Честојнова: Рекетот врз угостителите стана примарна функција на УЈП

Уште во првите месеци од своето владеење, челниците на СДС затворија повеќе кафулиња кои не им беа по волја, изјави денеска на прес-конференција Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тортурата врз угостителите не запира. Пред само една недела, целата јавност беше сведок на неразумната употреба на полициски специјалци во акција на УЈП во која беа затворени повеќе од 13 угостителски објекти. Инспекцијата беше испратена селективно, во 40 локали кои не се блиски до СДС. Како поинаку да се толкува фактот што фирми што важат за блиски до СДС и до Заеви не ги исполнуваат законските обврски и континуирано се толерирани, а други без никаква опомена ригорозно се казнувани? – вели Честојнова.

Наместо опомени, нагласи Честојнова, УЈП продолжува со мафијашко дејствување и со затворање на сите фирми кои не потпаѓаат под притисокот на СДС. Според неа, „рекетот врз угостителите“ станал примарна функција на УЈП.