Дописници Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

Членот на Државниот комитет за малцинства при Владата на Албанија, Нико Китани, упати новогодишна честитка на македонски јазик наменета за етничките Македонци во соседна Албанија, во централните термини на информативната програма на националниот сервис.

– Етничката припадност и политиката да ги тргнеме на страна, да ни бидат второстепен дел од нашиот живот. Да се здружиме сите заедно, само така можеме да изградиме подобра иднина за сегашните и за идните генерации – рече во честитката Китани.