Свет Европа Бундестагот ја одобри воената кампања против ИД во Сирија

Бундестагот ја одобри воената кампања против ИД во Сирија

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, денеска го одобри почнувањето на воена кампања против милитантите на Исламска држава во Сирија.

Одлуката сега треба да ја одобри Бундесратот, односно горниот дом, кој го сочинуваат претставници на 16 сојузни региони на Германија.

Се очекува германската кампања против Исламска држава да чини околу 134 милиони евра, вклучувајќи и 1.200 војници.