Македонија Бујар Османи прогласи победа за ДУИ уште во првиот круг во Сарај,...

Бујар Османи прогласи победа за ДУИ уште во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково

Принтскрин: ФБ страна, Бујар Османи

Повеќе политички партии најавуваат победа во неколку општини уште во првиот круг од Локалните избори 2021. Така, Бујар Османи од ДУИ најави на прес-конференција победа во првиот круг во Сарај, Пласница и Липково.

Според Османи, партијата води во речиси сите општини каде што има кандидат.

„Тоа што нема да можеме да го завршиме во првиот круг, ќе гледаме да го потврдиме во вториот круг, а тоа е една сериозна и најголема победа на ДУИ во својата политичка историја“, рече Османи.

И дел од останатите политички партии брифираат дека веќе во првиот круг ќе освојат неколку општини, па така од ВМРО-ДПМНЕ се спомнуваат Петровец, Илинден, Могила и Сопиште, а од СДСМ Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово.