Македонија Бугарската амбасада ги добила записите од прислушуваните разговори

Бугарската амбасада ги добила записите од прислушуваните разговори

Постојат записи од прислушувани телефонски разговори на амбасадори на Бугарија во Македонија, потврдил во интервју за бугарската агенцијата „Фокус“, лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Според Заев, сите записи на дипломатите им биле врачени лично.

Заев посочил дека записи добиле и неколку други амбасади и амбасадори. Во амбасадите што биле прислушувани, а каде имало замена на амбасадори, записите им биле дадени на двајцата амбасадори.