Свет Балкан Бугарија ја обвинува Македонија дека ѝ пренела бруцелоза

Бугарија ја обвинува Македонија дека ѝ пренела бруцелоза

Бруцелоза во Бугарија e пренесена со коза, која илегално е внесена од Македонија за расплод, соопшти викендов бугарскиот министер за здравство Петар Москов.

Како што јавува бугарскиот портал „Оф њуз“, 23 лица се заразени со бруцелоза во градот Рила, а викендов се регистрирани нови девет заразени.

– Големиот број болни се должи на непочитување на одредбите на здравствените органи. Не може да се држи неварено млеко на 35 степени топлина и да се користи како лек – посочи Москов, објаснувајќи дека така бил лекуван еден од заразените, откако се почувствувал лошо.