Економија Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари годинава, што е за шест милијарди долари помалку од очекуваното, соопшти канцеларијата за управување со буџетот на Белата куќа.

Според новите проекции, дефицитот ќе изнесува 3,3 отсто од домашниот бруто-производ. Сепак, прогнозираниот дефицит е за 162 милјарди долари поголем од минатогодишниот.

Администрацијата на претседателот Барак Обама предвидува дека економијата во САД годинава ќе оствари зголемување од 2,2 отсто, што е оптимистички во однос на многу други прогнози.