Свет Европа Буденстагот го одобри пакетот помош за Грција

Буденстагот го одобри пакетот помош за Грција

Германскиот парламент денеска го одобри третиот голем пакет помош за Грција. За договорот за помош на Грција гласале 454 пратеници, 113 биле против, а 18 биле воздржани.

За пакетот помош, покрај пратениците на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, гласале и нејзините коалициски партнери, Социјалдемократите и опозициската Партија на зелените.

Министерот за финансии, Волфганг Шојбле во пресрет на гласањето, ги повика пратениците да го поддржат пакетот за помош бидејќи тоа е во интерес и на Грција и на Европа.

– Секако, после искуството од минатата година и од изминатите месеци, нема гаранции дека ова ќе успее и нормално е да се има сомнежи. Но, имајќи предвид дека грчкиот парламент веќе ги помина поголемиот дел од мерките, ќе биде неодговорно да не се искористи можноста за нов стар на Грција – рече Шојбе во излагањето пред Бундестагот.

Новата тригодишна помош од 86 милијарди евра и е неопходна на Грција за да може на Европска централна банка да и плати рата од кредитот која доспева во четврток.