Свет Бројот на жртвите во Тексас се зголеми на 31 лице

Бројот на жртвите во Тексас се зголеми на 31 лице

Властите во Тексас соопштија дека бројот на жртвите на разорниот ураган Харви и на поплавите кои ги погодија Хјустон и околината се зголемил на најмалку 31 лице.

Властите на хјустонскиот округ Харис соопштија дека чекаат резултати од аутопсија на шест лица за да се утврди дали нивната смрт е последица на ураганот и на поплавите.

Повеќето смртни случаи се последица на давење. Властите соопштија дека надојдената вода во Јужен Тексас, 240 километри од Хјустон, превртела два резервоари за нафта, од кои се излеале околу 110.000 литри сурова нафта.

Во Хјустон денеска во ограничена мера почна да работи градскиот јавен превоз, а комуналните работници, кои вчера го собираа отпадот, од денеска би требало да почнат нормално да работат. Сепак, вработените во градските јавни служби нема да почнат со работа до следниот вторник.