Свет Европа Бројот на жртвите во бродоломот во Егејско Море се искачи на 39

Бројот на жртвите во бродоломот во Егејско Море се искачи на 39

Бројот на жртвите на бродоломот кој денеска се случи во Егејско Море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција.

Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Турската крајбрежна стража извести дека во врска со несреќата уапсен е еден турски државјанин, кој е осомничен дека го организирал патувањето.

Мигрантите кои се наоѓале на чамецот, биле од Сирија, Авганистан и од Мјанмар. Тие со чамецот се обидувале да стигнат од Чанак-кале до грчкиот остров Лезбос.

Од почетокот на оваа година вкупно 800 луѓе го загубиле животот во овие води.