Свет Бројот на жртви во лондонскиот облакодер може да се зголеми на 60...

Бројот на жртви во лондонскиот облакодер може да се зголеми на 60 лица

Лондонската полиција соопшти дека постои можност никогаш да не се идентификуваат сите жртви на големиот пожар што го зафати облакодерот во Лондон, јави „Би-би-си“.

Службите за итни случаи веќе трет ден на терен се во потрага по телата на настраданите кои изгореа во зградата „Гренфел“.

Досега официјално е потврден идентитетот на 17 жртви, но се стравува дека бројот на настраданите може да се зголеми и до 60 лица.
Противпожарната служба не очекува да пронајде преживеани, а премиерката Тереза Меј нареди темелна јавна истрага за причините за пожарот.