Свет Бројот на загинати во Сана достигна 137 лица

Бројот на загинати во Сана достигна 137 лица

Сто триесет и седум загинати и повеќе од 300 повредени е последниот биланс од бомбашките самоубиствени напади извршени во две џамии во главниот јеменски град Сана.

Нападите беа извршени за време на попладневната молитва и следуваа еден ден по вчерашната престрелка во Адена, на југот на Јемен, меѓу силите лојални на сегашниот и на поранешниот јеменски претседател.

Во вчерашниот напад загинаа 13 лица.