Свет Бројот на загинатите во поплавите во Луизијана порасна на 12

Бројот на загинатите во поплавите во Луизијана порасна на 12

Дванаесет загинати е последниот биланс од поплавите во Луизијана, а властите во 20 окрузи во земјата прогласија состојба на природна катастрофа.

Како што јавуваат американските медиуми, спасувачките екипи се уште трагаат по други жртви, но засега нема информации колку лица се водат за исчезнати.

Според последните информации, водата во одредени региони полека се повлекува, но во други продолжува да расте.

Околу 40.000 домови се поплавени во Луизијана. Повеќе од 20.000 лица се спасени и евакуирани, а околу 8.000 лица се сместени во привремени прифатни центри.