Видео Трагедија во Мека: Во стампедо загинаа 717 аџии

Трагедија во Мека: Во стампедо загинаа 717 аџии

Бројот на жртвите во стампедото за време на чествувањето на Курбан-бајрам во близина на Мека достигна 717 лица, а 805 се повредени, соопштија саудиските власти.

Околу 4.000 членови на спасувачките екипи и 220 возила на брзата помош се испратени на местото на несреќата.

Трагедијата се случи на првиот ден од Курбан-бајрам, на ридот Мина во близина на Мека.