Свет Европа Бројот на загинатите во експлозијата во Истанбул се искачи на 11

Бројот на загинатите во експлозијата во Истанбул се искачи на 11

Бројот на загинатите во силната експлозија што утрово одекна во центарот на Истанбул, во близина на автобуската станица, се искачи на 11 лица. Загинаа седум полицајци и четири цивили, а повредени се 36 лица, соопштија официјални лица.

Автобус со полицајци бил мета на бомбашкиот напад во истанбулската област Везнечилер. Нападот се случил во раните утрински часови, во време на најголемиот метеж во близина на историскиот дел на градот.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а неодамнешните напади во Турција ги изведоа припадници на Исламска држава, курдски екстремисти, како и припадници на радикалната левица.