Свет Свет Бројот на загинати при падот на авион во Суматра достигна 142 лица

Бројот на загинати при падот на авион во Суматра достигна 142 лица

Бројот на загинати во падот на индонезинскиот воен транспортен авион на островот Суматра достигна 142 лица.

Воениот авион „херкулес Ц-130“ на индонезиските воздухопловни сили се сруши вчера на островот Суматра, во населено места во градот Медан.

Во авионот имало 113 лица, односно 12 членови на екипажот и 101 патник, за кои се верува дека биле припадници на војската заедно со своите семејства.

Индонезиските воздухопловни сили соопштија дека никој од патниците не го преживеал падот на авионот.

Авионот се срушил врз новоизградена станбена населба, но сè уште не се знае колку лица имало во зградите во моментот на несреќата. Досега се идентификувани 62 жртви.