Економија Бројот на туристи зголемен за 4,1 отсто во првите осум месеци во...

Бројот на туристи зголемен за 4,1 отсто во првите осум месеци во однос на лани

Во периодот јануари-август 2016 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 4,1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,5 проценти, а кај странските има зголемување за 4,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 2,4 проценти, а кај странските има зголемување за 0,8 отсто.

Бројот на туристите во август 2016 година изнесува 156.763, а бројот на ноќевања е 694.641.

Бројот на туристите во август во однос истиот месец лани е намален за 7,2 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 3,9 проценти.

Бројот на домашните туристи во истиот период е намален за 4,5 проценти, а бројот на странските туристи е намален за 10,9 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2016 година, во однос на истиот месец лани е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 13,8 проценти.