Економија Бројот на туристи зголемен за 11,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристи зголемен за 11,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79.218, а бројот на ноќевањата изнесува 184.262.

Бројот на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 11,5 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 22,9 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 3,8 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24,3 проценти.

Во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,2 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,6 проценти, а кај странските има зголемување за 15,4 проценти.

Во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,1 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,2 проценти, а кај странските има зголемување за 13,4 проценти.