Економија Бројот на туристи во првите шест месеци зголемен во однос на истиот...

Бројот на туристи во првите шест месеци зголемен во однос на истиот период лани

Во првите шест месеци од годината во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,6 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 10,2 проценти, а кај странските има зголемување за 7,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,5 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 13,8 проценти, а кај странските има зголемување за 5,4 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни изнесува 71.813, а бројот на ноќевањата изнесува 171.861.

Бројот на туристите во јуни во однос на истиот месец лани е зголемен за 0,6 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 1,7 проценти. Бројот на домашните туристи во истиот период е зголемен за 1,7 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 0,2 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни во однос на истиот месец лани е намален за 1,9 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1,6 проценти.