Економија Бројот на туристи продолжува да опаѓа, во февруари регистрирано намалување од 41,7...

Бројот на туристи продолжува да опаѓа, во февруари регистрирано намалување од 41,7 отсто

Фото: Архива на Мета

И една година од почетокот на ковид-19 пандемијата во нашата земја, туризмот бележи негативен резултат во однос на бројот на туристи и остварените ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесувал 27.569, а бројот на ноќевањата изнесувал 60.013.

Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бил намален за 41,7 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 36,8 отсто.

Бројот на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 10,4 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 60,2 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 14,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 52,1 отсто.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 45,7 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 11,3 отсто, а кај странските има намалување за 65,4 отсто.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 38,9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15,1 отсто, а кај странските има намалување за 56,4 отсто.