Економија Бројот на работници во индустријата до мај поголем за 1,4 отсто во...

Бројот на работници во индустријата до мај поголем за 1,4 отсто во однос на лани

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на истиот период лани, е поголем за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст кај енергија за 1,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 2,8 отсто, капитални производи за 9 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто, додека опаѓање бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 проценти.