Македонија Бројот на позитивни на ковид-19 падна под 2.000, пријавени се 4 починати...

Бројот на позитивни на ковид-19 падна под 2.000, пријавени се 4 починати лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 26.08 до 28.08.2022) во земјава биле направени 1.561 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19.

Најголем дел од новозаболените лица се од Скопје – 205, по што следат Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, а во останатите градови бројот на новозаболени лица е под 10.

Од вкупниот број позитивни (389), регистрирани се 94 реинфекции од ковид-19.

Регистрирани сe 698 оздравени пациенти од ковид-19 во текот на изминатово деноноќие.

Во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 2 починати лица во болнички услови од Скопје (79г и 85г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (76г) и Кичево (63г) во домашни услови во периодот од 18.08.2022-22.08.2022 година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.149.075 тестирањa на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.881, бројот на оздравени пациенти е 328.478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.926.