Македонија Бројот на позитивни на ковид-19 е под 500, денеска има 56 нови...

Бројот на позитивни на ковид-19 е под 500, денеска има 56 нови случаи

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажуваат дека во последниве 24 часа во земјава биле направени 529 тестови за ковид-19 и биле регистрирани 56 нови случаи. Од нив 36 се од Скопје, а останатите 20 од другите градови во кои има Центри за јавно здравје, информираат од Министерството за здравство.

Во вкупниот број позитивни (56), имало 9 реинфекции, односно случаи на повторно заразување на лица што претходно имале ковид-19.

Во последниве 24 часа регистрирани сe 69 оздравени пациенти, а не се регистрирани починати лица. Но, во однос на претходно починатите лица, според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Двата случаи на починување се  во домашни услови, во периодот од 16 до 25 септември.

Со најновите статистики што во јавноста ги изнесе Министерството за здравство, досега во земјава се направени вкупно 2.173.215 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на утврдени случаи, пак, изнесува 343.319, бројката на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544, а бројката на активни случаи изнесува 432.