Визуелизации Бројот на лица кои починале од насилна смрт минатата година најнизок во...

Бројот на лица кои починале од насилна смрт минатата година најнизок во последните три децении

Според полот, во структурата на починатите од насилна смрт, поголемо учество, како и минатите години, имаат машките лица и тоа со 72,8 отсто

Photo by Lucian Alexe on Unsplash

Бројот на починати од насилна смрт во 2023 година во земјава е намален за 15,2 отсто во однос на претходната година и изнесува 412 лица. Бројот на лица кои починале од насилна смрт, минатата година, всушност, е најмал во последните три децении, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Починатите од насилна смрт, во вкупниот морталитет учествуваат со 2 отсто.

Според полот, во структурата на починатите од насилна смрт, поголемо учество, како и минатите години, имаат машките лица и тоа со 72,8 отсто.

Починати од насилна смрт во земјата

Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ кои учествуваат со речиси 70 проценти, „самоубиствата“ со 25 проценти и „убиствата“ со речиси 5 отсто.

Во категоријата „несреќни случаи“, најмногу смртни случаи настанале поради „Други надворешни причини за случајна повреда“ – вкупно 187.