Свет Балкан Брод со 200 бегалци пристигна на Родос

Брод со 200 бегалци пристигна на Родос

Брод со 200 бегалци денеска пристигна на островот Родос, соопшти грчката агенција АНА.

Како што соопшти грчката крајбрежна стража, припадниците на полицијата и граѓаните им помагаат на бегалците, меѓу кои има деца и жени, за да стигнат до брегот.

Бегалците се сместени во специјално одредени места на пристаништето во Родос.