Економија „Бритиш ервејс“ ги обнови летовите за Техеран

„Бритиш ервејс“ ги обнови летовите за Техеран

Авион на „Бритиш ервејс“ утринава слета на аеродромот „Имам Хомејни“ во Техеран, со што е прекината суспензијата на авионските линии од Лондон, која траеше цели четири години.

Британскиот авиопревозник ќе лета меѓу Лондон и Техеран шестпати неделно, што значи дека двојно ги зголемил летовите во однос на периодот пред октомври 2012 година, кога линијата беше суспендирана.

„Бритиш ервејс“ е втората најголема европска авиокомпанија која по симнувањето на санкциите кон Иран ги обнови редовните летови за Техеран. Први тоа го направија „Ер Франција“ во април, по осумгодишно суспендирање на летовите за Иран.