Свет Европа Британците ќе плаќаат по половина фунта годишно за одржување на кралското семејство

Британците ќе плаќаат по половина фунта годишно за одржување на кралското семејство

По нешто повеќе од една фунта на годишно ниво ќе плаќа секој жител на Велика Британија за одржување на кралското семејство. Овој податок е обелоденет откако Бакингамската палата сооопшти дека за изминатата година за кралското семејство биле потрошени 35,7 милиони фунти.

Половина од парите биле наменети за тековните службени должности на кралицата, а другите за одржување на кралските резиденции и објекти. Една третина од годишните трошоци, практично, се направени за настаните и за манифестациите на кои кралицата се појавува како официјален домаќин, во нејзината службена резиденација.