Македонија Британскиот амбасадор Метју Лосон ја посети општина Гостивар

Британскиот амбасадор Метју Лосон ја посети општина Гостивар

Фото: Општина Гостивар

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска во неговиот кабинет го прими британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон. Тој му се заблагодарил за континуираната поддршка на Обединетото Кралство, како еден од нашите најважни сојузници во НАТО, за развојот и стабилноста на земјата. Ова е прва посета на амбасадорот Лосон на Гостивар.

„Со амбасадорот Лосон се согласивме дека во овие турбулентни времиња за континентот, внатрешната политичка стабилност е гаранција за економски развој, зголемени странски инвестиции и просперитет за граѓаните на земјата“, рече Таравари.

Тој и амбасадорот разговарале економскиот и културниот потенцијал на Гостивар, како град модел на соживот, а се согласиле и да ја интензивираат соработката.