Свет Европа Британски ловци пресретнале романски цивилен авион

Британски ловци пресретнале романски цивилен авион

Ловци на британското кралско воздухопловство пресретнале цивилен авион од типот „сааб 340“, кој престанал да комуницира со контролата за летање пред да слета на аеродромот во Бирминген, јавува „Би-би-си“.

Ловци од типот „тајфун“ полетале од базата РАФ „Конигсби 1“ и го пресретнале романскиот авион, во кој се наоѓал тричлен екипаж, јавува британската телевизија, но не прецизира дали во авионот имало патници или товар.

Една писта на аеродромот во Бирмингем била затворена кога романскиот авион слетал, а патнички авион бил пренасочен на друг аеродром поради инцидентот.

Романскиот авион летал од Букурешт за Бирмингем.

РАФ соопшти дека издадена е тревога откако е изгубена комуникација со романскиот екипаж, додавајќи дека тоа е стандардна процедура кога некој авион не може да се идентификува на друг начин.

Аеродромските власти во Бирмингем соопштија дека екипажот имал проблем со комуникациската операм и дека ловците го пресретнале авионот и го испратиле до аеродромот.