Македонија Британската амбасадорка Рејчел Галовеј се сретна со министерот Насер Нуредини

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј се сретна со министерот Насер Нуредини

Денеска британската амбасадорка Рејчел Галовеј и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржаа средба на која разговараа за важноста на заштитата и обновувањето на природните живеалишта и екосистемите во Северна Македонија што ќе придонесат за зачувување на биодиверзитетот на планетата и подобрување на јавното здравје.

„Разговаравме и за приоритетите на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (COP26), како што се забрзување на транзицијата кон чиста енергија во иднина, преку охрабрување на деловните субјекти и заедниците да ги прифатат економските и социјалните придобивки од поевтината обновлива енергија“ напиша Галовеј на својот Твитер профил.