Свет Европа Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ

Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ

Велика Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ за напуштањето на Унијата, но тоа сè уште не е формално договорено, соопшти портпаролката на премиерката Тереза Меј.

По трите круга преговори, минатата недела европските претставници изјавија дека немало успех во поместување на преговорите од прашањата поврзани со излегувањето кон идните односи на ЕУ и на Велика Британија.

Брисел го повика Лондон да ги забрза преговорите за напуштањето на Унијата.

– Ние сме подготвени да ги интензивираме преговорите. Ништо не е формално договорено, но можеме да дискутираме за тоа. Типично е за преговорите да се интензивираат како што минува времето – рече портпаролката.