Свет Европа Британија е ограничена во преговорите за трговски договор со ЕУ

Британија е ограничена во преговорите за трговски договор со ЕУ

Способноста на Велика Британија да преговара за нова трговска спогодба по одлуката на референдумот за напуштање на Европската Унијата е ограничена сè додека не се почне формалниот процес од членот 50 за напуштање на блокот, изјави британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд.

Шефот на британската дипломатија нагласи дека мора „внимателно“ да го избира патот во разговорите со другите држави, но потврди дека владата сака да го зголеми бројот на своите трговски преговарачи.

Тој, исто така, изјави дека владата активно работи на ангажирање на пензионирани и на поранешни експерти од јавниот сектор.