Свет Европа Британија давала двојно помалку пари во ЕУ отколку што тврделе заговорниците на...

Британија давала двојно помалку пари во ЕУ отколку што тврделе заговорниците на Брексит

Британската статистичка служба соопшти дека придонесите на Велика Британија во Европска Унија се двојно помали од тоа што го тврделе заговорниците на Брексит во пресрет на минатогодишниот референдум.

Канцеларијата за национална статистика соопшти дека од Велика Британија минатата година биле префрлени вкупно 9,4 милијарди фунти (12,4 милијарди долари). Тоа се околу 180 милиони фунти неделно, додека заговорниците на Брексит тврдеа дека со излегувањето од Унијата ќе се заштедат околу 350 милиони фунти кои би можеле да се користат за здравствена заштита.

Во Велика Британија се оценува дека тврдењата на заговорниците на Брексит ја засилиле поддршката за излез од ЕУ.