Свет Европа Брисел разгледува мерки против германските патарини

Брисел разгледува мерки против германските патарини

Европската комисија ќе разгледа правни мерки против Германија поради планираното воведување патарини за странски возачи, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, додавајќи дека тоа претставува кршење на антидискриминациските закони.

Јункер во интервју за „Зидојче цајтунг“ рече дека патарината, која германската влада ја усвоила во март, не е во согласност со правилата на ЕУ, кои забрануваат дискриминирање странци.

– Комисијата како чувар на спогодбата на ЕУ, сега треба да испита дали спогодбите се прекршени, а ако биде потребно и пред Европскиот суд на правдата – рече Јункер.

Според одлуката, која ја потврдил германскиот парламент, странските возачи мораат да платат до 130 евра годишно за користење германски автотопатишта.

Германските возачи исто така ќе плаќаат патарини, но за возврат ќе добијат соодветно намалување на автомобилските такси.