Свет Европа Брисел очекува Лондон што побргу да се изјасни

Брисел очекува Лондон што побргу да се изјасни

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ ја повикаа Велика Британија што побргу да го извести Брисел за намерата за повлекување на Унијата и порачаа дека се одлучни да останат обединети, откако Британците на референдум гласаа за Брексит.

По вчерашниот самит во Брисел, тие го предупредија Лондон дека ако сака да остане во единствениот пазар по излегувањето од Унијата, ќе мора да прифати државјаните на земјите од ЕУ да можат и понатаму непречено да влегуваат во Британија.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека лекцијата од Брексит не е дека е потребна подлабока интеграција или повторно зајакнување на овластувањата на националните влади.

ЕУ, како што рече Меркел, се соочува со сериозна ситуација, но нагласи дека земјите членки „можат да се носат со тоа“.