Свет Европа Брисел: Граничните контроли би чинеле 18 милијарди евра

Брисел: Граничните контроли би чинеле 18 милијарди евра

Европската комисија денеска процени дека повторното воведување на гранични контроли во регионот на Европа во кој се патува без пасош, годишно би ја чинело Унијата околу 18 милијарди евра.

Некои членки на Унијата, вклучувајќи ја и Германија, привремено ги зајакнаа граничните контроли поради бранот бегалци.

Брисел денеска објави дека директниот трошок за трајна контрола на границите би чинел меѓу 5 милијарди и 18 милијарди евра годишно.