Економија БРИКС: Спремни сме за кризата

БРИКС: Спремни сме за кризата

Знамиња на земјите од БРИКС бизнис советот

Лидерите на пет земји во развој, Бразил, Русија, Кина, Индија и Јужна Африка, се уверени дека нивните економии се добро подготвени да се соочат со кризите.

Претставниците на земјите, во соопштението, по состанокот на маргините на Самитот Г20 во Бризбен, укажаа дека стабилната и долгорочна обнова не е постигната шест години по почетокот на глобалната финансиска криза.

Развојот на пазарната економија придонесува за глобалните економски активности, поради одржување висока стапка на раст и покрај неповолната ситуација и негативните последици на политиката, особено во монетарната сфера, која ја водат големите развиени земји.

Лидерите на БРИКС ги поддржаа напорите на Г20 во таа област, но истакнаа дека се потребни дополнителни мерки за одржување на глобалната побарувачка, особено на развиените земји.

Тие, исто така, изразија разочарување поради неспроведување на реформите на Меѓународниот монетарен фонд и предложија разговори за натамошни чекори, ако САД не ги ратификуваат реформите до крајот на годинава.