Македонија Бренде до Заев: Норвешка ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон...

Бренде до Заев: Норвешка ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска со шефот на норвешката дипломатија, Борге Бренде, разговараше за состојбата во Македонија и за приоритетите на новата влада.

Заев го информирал Бренде дека новата влада работи посветено на реформите и на демократските вредности. Тој истакнал дека иднината на Република Македонија е во Европската Унија и во НАТО.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на премиерот, како особено важни биле нагласени реформите што обезбедуваат владеење на правото и независни институции.

Министерот за надворешни работи Бренде, најави дека Норвешка е подготвена и на конкретно ниво да ги помогне неопходните реформи за Република Македонија, односно да ѝ помогне на земјата во нејзините евроатлантски интеграции. Во тој контекст, Бренде соопштил дека норвешката влада предвидува зголемување на билатералната помош за земјите од регионот, со фокус на стабилноста и на поддршката за нивно членство во ЕУ и во НАТО.