Македонија Бремените жени и хронично болните, да бидат ослободени од работа

Бремените жени и хронично болните, да бидат ослободени од работа

Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да бидат ослободени од работните обврски поради тоа што земјава е зафатена од топлотен бран.

Министерството за здравство им препорачува на работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници што работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високата температура.