Свет Бразил: Епидемијата на денга однела 690 животи

Бразил: Епидемијата на денга однела 690 животи

Повеќе од 690 лица починале во Бразил од почетокот на годинава од епидемија на треската денга, тропска болест која ја пренесуваат комарците, соопштено е денеска во Сао Паоло, каде се регистрирани 1.990 заболени.

– Најмалку 693 лица починале од денга од 4 јануари до 29 август. Тоа претставува пораст за 70 отсто во однос на истиот период во 2014 година, кога починале 407 лица – соопштија бразилските здравствени служби.

Вкупно 1,41 милиони Бразилци имале денга од почетокот на годинава, а во најмногубројната држава Сао Паоло се регистрирани 667.500 случаи на заразени лица.

Симптомите на треската денга вклучуваат висока температура, силни болки по цело тело, како и главоболка.

Не постои посебен медицински третман за болеста, а некои инфицирани можат да претрпат и сериозно и опасно по живот крвавење.