Свет Свет Братче си ја застрелалo сестричката во Охајо, САД

Братче си ја застрелалo сестричката во Охајо, САД

Истрагата за овој инцидент ќе ја преземе обвинителската канцеларија од округот Лорејн

Тригодишно девојче се наоѓа во критична состојба откако нејзиниот четригодишен брат ја застрелал со огнено оружје во главата.

Инцидентот се случил во градот Лорејн, во американската сојузна држава Охајо, на околу 50 километри западно од Кливленд. Децата си играле сами во соба кога момчето во фиока пронашло наполнет пиштол.

Истрагата за овој инцидент ќе ја преземе обвинителската канцеларија од округот Лорејн, која ќе одлучи дали ќе покрене обвинение.