Хроника Брачен пар загина во сообраќајка кај езерото Калиманци?

Брачен пар загина во сообраќајка кај езерото Калиманци?

Брачен пар од селото Дулица во Македонска Каменица ги загубиле животите во водите на езерото Калиманци во сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16 часот.

Возилото излетало од магистралниот пат во близина на приклучокот на локалниот пат кон селото Дулица и влетало во езерото Калиманци.

Полицијата го пронашла автомобилот, марка „форд“, и безживотното тело на 30-годишната жена, а нема информација дали е пронајдено телото на сопругот.