Македонија Бошњаковски: Се подготвува документацијата од 400 страници за екстрадиција на Груевски

Бошњаковски: Се подготвува документацијата од 400 страници за екстрадиција на Груевски

Започнат е процесот за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Влада.

– Министерството за правда ја собира потребната документација за случајот, која што е обемна на околу 400 страници. Кога ќе биде комплетирана и преведена ќе биде доставена до Унгарија. Тоа ќе се случи во текот на овие денови – рече Бошњаковски.

Тој потенцираше дека се утврдува начинот на кој Груевски ја напуштил државата и дали некој му помагал. Бошњаковски информираше дека внатрешната контрола на МВР истражува дали полициски службеници му помогнале на Груевски во бегството и најави подетални информации за кога ќе заврши истрагата.