Свет Балкан Борисов: Лидерите како Орбан и се многу потребни на Европа

Борисов: Лидерите како Орбан и се многу потребни на Европа

Судбината на Европа денеска е дефинирана на јужната граница со Бугарија. Бугарите ја зајакнаа безбедноста на Унгарија, но исто така ја заштитија цела Европа, рече премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за време на церемонијата каде на бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов му додели орден „Голем крст за граѓански заслуги“.

– За нас Унгарците важно е да знаеме и да чувствуваме дека Балканот има луѓе чија верба и историјата е поврзана со нашата, кои го разбираат нашето размислување и делување. Ова е особено важно сега кога Европа се однесува како ништо да не е научено и како се да е заробено во последниците децении – рече унгарскиот премиер.

Според Орбан, денеска е неопходно да се заштитат надворешните граници на Европа и дека оваа задача мора да се изврши од оние кои имаат долга историја и меморија. Тој рече дека оваа награда е знак на пријателство помеѓу Бугарија и Унгарија.

– Ве уверувам дека заштитата не само на бугарските туку и на европските граници ќе продолжи. Чест ми е што ја добив оваа награда, но безбедноста на Бугарија но и на Европа се должи на заложбите на цела влада, цела бугарска гранична полиција и целиот воен персонал. Лидерите како Орбан и се многу потребни на Европа поради трезвената проценка која ја имаат на опасностите кои доаѓаат – рече Борисов.