Главна секција Борисов: Договорот за добрососедство веднаш ѝ го отвора патот на Македонија кон...

Борисов: Договорот за добрососедство веднаш ѝ го отвора патот на Македонија кон НАТО

Договорот за добрососедство ѝ дава европска перспектива на Македонија и веднаш ѝ го отвора патот кон НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Конгресот на европските студенти демократи во Варна.

– По тамошната политичка криза, имав средби со мојот колега Никола Груевски, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов. Се надевам дека како и во нашиот, така и во парламентот во Скопје едногласно ќе се усвои текстот на договорот. Тој е особено прифатен од Европската комисија и од амбасадите на САД и во Софија и во Скопје, затоа што ѝ дава европска перспектива на Македонија и веднаш го отвора патот кон НАТО – рече Борисов.

Тој додаде дека и во својот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас истакнал дека тоа не е договор против кој било.

– Тоа е само договор за добрососедство меѓу две земји, особено зашто Бугарија со починатиот бугарски претседател Жељу Желев прва ја призна Македонија. Убеден сум дека Македонија еден ден ќе именува улица или булевар со неговото име – истакна Борисов.