Свет Свет Борбен авион се урна во Саудиска Арабија

Борбен авион се урна во Саудиска Арабија

Борбен авион на бахреинската војска денеска се урна во Саудиска Арабија. Авионот, кој учествувал во коалициските операции против бунтовниците во Јемен, се урнал поради технички проблеми, но пилотот успеал да се спаси, соопшти коалицијата предводена од саудиските власти.

Авионот се урна во југозападниот саудиски регионот Јазан, во близина на јеменската граница, прецизираа од коалицијата.