Свет Бомбашки напад во училиште во Нигерија, најмалку 48 ученици загинаа

Бомбашки напад во училиште во Нигерија, најмалку 48 ученици загинаа

Бомбашки напад на училиште

Во денешната експлозија на бомба, во средно училиште во градот Потискум, североисточна Нигерија, загинаа најмалку 48 ученици.

– Бомбата експлодирала за време на утринскиот собир на учениците, пред почетокот на наставата. Експлозијата погоди многу ученици, но не можам да кажам колку бидејќи сега ги евакуираме жртвите во болница која е оддалечена само сто метри – изјави еден наставник.

Ученици од Општо-научното средно училиште во Потискум, во нигериската сојузна држава Јобе, истакнаа дека околу 2.000 ученици присуствувале на утринскиот собир кога експлодирала бомбата во ходникот. Најверојатно, бомбата била внесена во ранец.

Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.