Свет Бомбашки напад на фудбалски натпревар во Ирак

Бомбашки напад на фудбалски натпревар во Ирак

Најмалку 41 лице загинаа, а 105 се повредени откако бомбаш-самоубиец синоќа се разнесе за време на фудбалски натпревар во ирачкиот град Искандарија, во близина на главниот град Багдад.

Како што јавуваат странските медиуми, бомбашот-самоубиец бил меѓу публиката. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава.

Европското првенство во Фудбал годинава се одржува во Франција, која минатата година беше мета на џихадистите од ИД. Терористичките закани им создаваат големи проблеми на домаќинот на првенството, посебно околу обезбедувањето на репрезентациите и на навивачите.